МЗШВ: Со Функционалната анализа до поефикасни и навремени услуги за земјоделците

Денеска, експертите од Светска банка ги презентираа наодите од спроведената функционална анализа на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Оваа анализа ги детектира главните проблеми во организацијата и функционирањето на министерството, коишто влијаат на ефикасното функционирање на секторите.

– Анализата покажа кои организациони единици се соочуваат со преоптовареност или пак со недоволно работни обврски. Тој податок помага подобро да се дефинираат одговорностите, да се идентификува кои делови ги извршуваат деловните процеси помалку ефикасно од другите и како резултат на тоа, кои организациони единици би требало да се дополнат, променат или да се спојат со други единици, се со цел да се зголеми ефикасноста на работните процеси –изјави министерот Димковски

Функционалната анализа е спроведена со цел да се достигнат целите на националните и европските политики

Прочитајте и...  Русија: Јутјуб е контролиран од САД

Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската унија заедно со Силвија Маури, висок специјалист за земјоделство од Светска Банка, изјавија дека се задоволни од соработката со вработените во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Функционалната анализа ќе биде двигателот на процесот на подобрување на ефикасноста и ефективноста на државните службеници вработени во секторот, позитивен инпут ќе има во сите области од секторот: подобро искористување на странските и домашните фондови, рурален развој, модернизација на земјоделско производство, маркетинг на земјоделски производи, зголемување на конкурентноста на македонските земјоделски производи на странските пазари…

Тие и понатаму ќе го подржат процесот и ќе помогнат во имплементација на препораките дадени во денешниот извештај.

Прочитајте и...  Вашингтон и северна Вирџинија започнаа со првата фаза од отварањето на бизнисите

Земјоделието е многу важен сектор во секоја држава. Инвестирањето во развојот на капацитетите и реорганизација на работните места ќе ги донесе квалитетните и компетентни државни службеници на вистинските работни места со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста на вработените за нивна подобра искористеност во задоволувањето на барањата и потребите на земјоделците.

Прочитај повеќе

Општина Гази Баба ги ослободи родителите од надомест за трошоци во градинка

Слободен печат

Објавени правилата од протоколот за запишување на првачињата (ФОТО)

Слободен печат

Почнува исплатата на парична помош за социјална и детска заштита

Слободен печат

Прва жртва на протестите во САД поради смртта на Џорџ Флојд

Слободен печат

Чулев: Управен суд ја поништи одлуката на Влада за 88 распоредувања во МВР

Слободен печат

Почна седницата на Советот за безбедност – Се одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ново инклузивно игралиште за деца со попреченост во Карпош

Слободен печат

Пронајден малолетник кој се водеше за исчезнат во Скопје

Слободен печат

Во Минеаполис воведен полициски час, твит на Трамп сокриен поради „глорификација на насилство

Слободен печат

Британски експерт нагласува дека се уште е рано за олеснување на мерките во земјата

Слободен печат

Израел размислува за повторно воведување рестриктивни мерки

Слободен печат

Општина Центар креира протокол за прием на првачиња за учебната 2020/2021

Слободен печат