МЗ: 467 нови ковид случаи, 14 починати

Ковид-состојба во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.533 тестови, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 245, Куманово – 34, Велес – 22, Битола – 20, Прилеп – 19, Кавадарци – 18, Тетово – 17, Охрид – 13, Струга и Ресен – по 8, , Штип, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Струмица, Кичево и Дебар – по 6, Гостивар – 5, Кочани, Неготино и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 2, Берово и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (467), регистрирани се 58 реинфекции.

Регистрирани сe 414 оздравени пациенти од: Скопје – 202, Битола – 28, Кавадарци и Велес – по 26, Куманово – 21, Прилеп – 19, Штип – 13, Тетово – 12, Струмица – 10, Кичево – 9, Крива Паланка – 8, Гостивар – 7, Гевгелија – 6, Струга – 5, Радовиш – 4, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 3, Охрид, Ресен и Валандово – по 2, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје ( 88г, 88г, 85г и 75г) и по едно починато лице од Дебар (88г), Кавадарци (71г), Демир Хисар (80г), Охрид (67г,), Демир Капија (82г) и Неготино (87г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77г. до 85г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот