Музичко лето со Huawei P30 и водоотпорниот Soundstone Speaker

Од почетокот на јуни, Huawei започна со промоција на Huawei P30 во нашата земја. Со купување на телефонот, во било која од неговите три атрактивни бои, во продавниците на овластените партнери на Huawei, ќе добиете Huawei Soundstone Portable Bluetooth Speaker.

Со својот ергономски дизајн и изработка, водоотпорниот звучник е свеж додаток на која било забава на плажа, море или базен, кога пешачите или возите велосипед, а можете да го користите и како hands-free звучник во конференциска сала во канцеларијата. Има овална форма со дијаметар од 10 cm и дебелина од само 4,2 cm и тежи 190 грама. Неговата батерија е 700mAh и се користи до 8 часа, а целосното полнење трае околу 3 часа.

Објавен на крајот на март, Huawei P30 доаѓа со 6,1-инчен OLED FullViewDisplay и новиот RYYB сензор во кој зелените пиксели се заменуваат со жолта боја за да зафатат до 40% повеќе светлина. Иновативниот сензор е дел од оптичкиот систем на тројната Leica камера која вклучува 40 мегапикселна широкоаголна, 16 мегапикселна ултра широкоаголна и 8MP камера со 3x оптички зум. Љубителите на музиката, ќе може да уживаат со 3,5 милиметарски приклучок за слушалки.

– За серијата P10, направивме многу успешна летна кампања со Super Charge надворешна батерија и полнач за автомобил за да им обезбедиме на нашите корисници непречено работење на паметниот телефон за време на одморите. Оттогаш, постигнавме голем напредок на полето на батериите и брзото полнење, така што сега ви нудиме само повеќе расположение и повеќе музика додека сте на пат – изјави Лонгруи Циу, генерален директор на Huawei за Бугарија и Северна Македонија.

Новиот Huawei P30 може да се најде во продажните салони на Нептун и Сетек по цена од 39.999 денари. Промоцијата со која со купување Huawei P30 се добива водоотпорен звучник, ќе трае до 31 август или додека има залихи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот