МУНДОБАСКЕТ Митев за „Слободен печат“: Не смее да се потцени „дрим-тимот“!

republikasrpska.net

Митев во разговор за „Слободен печат“ говореше за очекувањата на Мундобаскет, Американците и Србите би требало да бидат главните кандидати за освојување на светскиот трон, но има и добри селекции кои би можеле да се вмешат во трката за медал.

Во тек е прелиминарната рунда на Светското првенство во кошарка, а засега фаворитите ги оправдуваат своите улоги.

Митев е инаку поранешен тренер на МЗТ Скопје Аеродром, Карпош Соколи, словенечкиот Компрад, косовскиот Башкими Призрен, Кожув, беше асистент тренер во полските екипи Анвил Влоцлвек и Турнов Згорзелец, во германската Алба Берлин, турскиот Банвит Б.К., а беше селектор на иранската сениорска репрезентација која е дел од Мундобаскет 2019.

– Фаворити се САД и Србија за светската титула. И покрај тоа што Американците не настапуваат со најквалитетните НБА ѕвезди, „дрим-тимот“ никогаш не смее да се потцени, како и самиот селектор Грег Попович кој што знае секогаш на најдобар начин да ја постави играта. Можеби уште не се на посакуваното ниво после првите две кола, но како што ќе одминува СП ќе бидат уште подобри. Сите ја гледаат шансата против нив, но против Турција играчите на Попович значајно ја поправија хемијата и можат уште повеќе да напредуваат во играта – ни изјави Митев.

Американците и Србите веќе обезбедија настап во главната рунда (16 селекции) која пак води кон најдобрите осум на турнирот во четвртфиналето.

– Освен што очекувам да бидат во четвртфиналето, во борбата за медалите би требало да се најдат уште Франција, Грција, Шпанија, а добра кошарка играат и Австралија и Бразил. Искрено мислам дека треба да се промени и самиот формат на натпреварување кој не е добар за репрезентациите. Наместо 32 колку што имаме за првпат годинава, подобро е во иднина да се намали, односно се врати бројот на учесници на светските шампионати на вкупно 16 – додаде Митев.

фото: ФИБА

Последен пат со 16 селекции на СП се игра во 2002 година кога домаќин беше Индијанаполис (САД), потоа три светски првенства во Јапонија, Турција и Шпанија имаше по 24 репрезентации, а годинава за првпат и 32.

Претходно своето размислување за „Слободен печат“ околу Мундобаскет 2019 го сподели и тренерот на македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот