МУНДОБАСКЕТ Кочов за „Слободен печат“: Мислам дека Американците ќе кикснат за златниот медал!

фото: кк МЗТ Скопје

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов во разговор за „Слободен печат“ говори за досегашните подготовки на својата екипа, и одвои кои се фаворитите на Мундобаскет 2019. Претходно во МЗТ како нови играчи беа промовирани Американецот Џабари Хиндс, Хрватот Марин Морнар, Кениецот кој што играше во летната НБА лига, Нуни Омот, а младиот Дарио Митевски (17 години) останува уште три години.

Дамјан Стојановски ќе биде лидер уште една сезона, Магдевски потпиша нов двегодишен договор, Маслинко и трета сезона ќе го носи дресот на „штрковите“, ангажирани се младинскиот репрезентативец Иван Волкановски (209 см.) на три сезони и Бојан Крстевски на две, а беше вратен талентираниот Кристијан Николов.

фото: МЗТ Скопје

Стратегот на „металците“ вели дека има промени во ростерот во однос на минатата сезона. Екипата е речиси нова, од минатата сезона останаа само домашни играчи, сите странци ни заминаа.

– Вудард се пресели во Германија, Медфорд во ВИФ Рига, што се однесува до Самарџиски има некои понуди за кои чека да види, да одлучи. Од домашните играчи се останати Д. Стојановски, Маслинко, Магдевски, Симоновски. Доста сме помлади, понеискусни, но сум задоволен како течат подготовките. Ќе ни фали искуство дефинитивно, се надевам дека со некоја борбеност, трчање ќе надополнуваме. Нема да кажуваме некои бомбастични најави на почеток, се додека не видиме како игра екипата, како се однесува на овие подготовки – ни изјави Кочов.

mztskopjeaerodrom.m

Најави тренерот дека денеска ќе има екипата подготвителен меч со Гостивар, в четврток тест и против Вардар, а после тоа се оди на турнир во Романија, па уште две средби со романска екипа на домашен терен, така што ќе се види во која насока ќе се движи шампионот.

Со надежи како и ланската сезона кога во АБА2 лигата добро се претставија, учество во финале и малку недостасуваше за влез во главната АБА лига. Кочов се надева дека со истата желба, мотивација ќе се бори тимот за остварување на сличен резултат, иако ќе биде многу тешко, бидејќи екипата е нова, многу помлада. Новата сезона во АБА2 лигата за МЗТ ќе биде на стартот на октомври дома во СЦ „Јане Сандански“ против Слобода Тузла од Босна и Херцеговина.

fiba.basketbal

Имаше и своја кратка анализа околу Светското првенство во Кина и кои селекции би можеле да се борат за највисок пласман.

– Гледав неколку натпревари на Светското првенство, од оние кои не се фаворити. Изненаден сум од тоа каков прогрес имаат во играта, еве како пример ќе го истакман дуелот Иран-Порторико, водеа Иранците во текот на целиот меч, на крајот во последната минута Порторико направи целосен пресврт. Навистина сум изненаден како земјите напредуваат во кошарката. Како фаворити може да се одвојат САД (бранители на титулата), иако имам некое претчувство дека Американците ќе кикснат за тој златен медал. Потоа, Србија има една екстремно многу добра репрезентација, би можеле да изненадат Грците, не смеете да ги потцените Шпанците, а и Австралија може да се бори за медал оваа година – додаде Кочов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот