Тимчо Муцунски / Фото: Фејсбук

Муцунски му ја честиташе победата на Маѓар: Со нетрпение очекуваме продолжување на нашата соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, му ја честиташе изборната победа на Петер Маѓар на парламентарните избори во Унгарија.

Во објава на мрежата „Икс“, Муцунски порача дека очекува добрата соработка меѓу двете земји да продолжи и во иднина, врз основа на заемна почит, партнерски односи и на заеднички европски вредности.

„Честитки за Петер Маѓар за изборниот резултат. Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот. Ги вреднуваме силните билатерални односи градени со години, и со нетрпение очекуваме продолжување на нашата соработка заснована на заедничко почитување, партнерство и на споделени европски вредности“, напиша Муцунски на „Икс“.

На вчерашните парламентарни избори во Унгарија, по 16 години власт, Фидес на Виктор Орбан претрпе пораз, а најмногу гласови освои новата опозициска партија Тиса, предводена од Маѓар.

Според резултатите, Тиса обезбеди 138 пратенички мандати, Фидес 55, додека, пак, десничарската Ми Хазанк ќе добие шест места во парламентот. Со ваквиот резултат, Тиса обезбедува двотретинско мнозинство, што ѝ отвора простор за промени во судството и во регулаторните институции.

Унгарскиот пролетен ветар задува кон ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот