Му пишуваат деца, политичари, спортисти: Дали знаете дека Дедо Мраз има своја пошта?

Фото: Profimedia

Финскиот град Рованиеми е еден од најоддалечените градови во Европа. Тој има нешто повеќе од 63.000 жители, а до осумдесеттите години на минатиот век го посетувале само научници и големи авантуристи во потрага по бајковити пејзажи. Но, сè се сменило во 1985 година, кога бил прогласен за родно место на најсаканиот дедо во светот – Дедо Мраз.

Денес Рованиеми е полн со џуџиња, ирваси и снешковци, а годишно го посетуваат повеќе од 500.000 туристи. Тие пристигнуваат во текот на целата година, но за вистинско и автентично искуство – најдобро е да дојдете во декември.

Иако просечната температура во декември е околу минус 15 степени целзиусови, овде ќе ве пречекаат неверојатни природни ресурси, прекрасна божиќна атмосфера и „канцеларијата“ на Дедо Мраз, на кого можете да му напишете писмо без да ги напуштите топлите домови, пишува „Путни кофер“.

Фото: Profimedia

Вистинската пошта на Дедо Мраз навистина постои и се наоѓа во Лапонија. Па, ако сакате да споделите нешто со него пред Божиќ – побрзајте. Тој ќе го прочита пред да полета со неговите ирвази, со симпатичниот Рудолф на чело. Главната пошта се наоѓа во Рованиеми, каде Дедо Мраз ги отвора вратите за јавноста секој ден од годината. А неговата пошта, која ја одржува финската корпорација „Пости груп“, во никој случај не е обична. Имено, секоја година од целиот свет пристигнуваат околу 500.000 писма упатени до него. И тие пристигнуваат секој ден!

Повеќето писма што ги добива Дедо Мраз се напишани од деца, но испраќањето писма секако не е ограничено само на најмалите. Џуџињата на Дедо Мраз открија дека му пишуваат дури и политичари, спортисти и големи поп-ѕвезди. Па зошто да не ти? Ако сакате да му ги испратите вашите честитки или желби овој Божиќ, само испратете го вашето писмо на неговата адреса – Дедо Мраз, Тахтикуја 1, 96930 Арктички круг, Финска.

Фото: Profimedia

Родното место на Дедо Мраз е и рај за љубителите на природните пространства и извонредните искуства. Можете да одите на јавање ирваси или хаски, да ја поминете ноќта во еден од ретките ледени хотели во светот, да одите на сафари со моторни санки, да посетите традиционална фарма или да ловите риба во ледените води на езерото Олкајарви.

А потоа, помеѓу крајот на август и почетокот на април, можете да тргнете во потрага по поларната светлина – небото со светли бои кои се толку фасцинантни за гледање.

Ниту една посета на Рованиеми не е комплетна без дегустација на локалната кујна. Клучот се свежите сезонски состојки кои носат оригинални вкусови, а лапонската храна е исто толку вкусна во рестораните како и покрај логорскиот оган во дивината. Не е изненадувачки што ирвасите се суштински дел од лапонската кујна. Месото од ирвас, кое се служи со пире од компири и свежи бобинки, е омилен специјалитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот