Му било кажано дека се предозирал еден месец пред неговата смрт: Дејв Грол со емотивна приказна за Курт Кобејн

дејв грол
Фото: EPA/ERIK ABEL SWEDEN OUT

Дејв Грол објави дека му било соопштено дека Курт Кобејн умрел од предозирање на само еден месец пред легендарниот музичар да си го одземе животот.

Во март 1994 година на Дејв Грол му било јавено дека Курт Кобејн умрел од предозирање, информација која не била точна но го шокирала музичарот до бурни и несопирливи солзи. Неговиот близок пријател Курт Кобејн неполн месец подоцна, на кобниот 4 април, навистина ќе почине откако ќе си го одземе животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amy Koskela Lopez (@amylpz0376)

Неодамна излегоа мемоарите насловени „The Storyteller: Tales of Life and Music“, во кои Дејв Грол отворено раскажа за потресното сеќавање кога му било соопштено дека неговиот другар од бенд Курт Кобејн починал од предозирање. Чувството на кое се присетува потресно го опишува како „пресекување на нозете“.

„Беше заминат. Срамежливиот млад дечко кој ми понуди јаболко кога за прв пат се сретнавме на аеродромот во Сиетл беше заминат. Мојот тивок, интровертен цимер со кој делев малечок стан во Олимпија беше заминат“, вели Грол во своите мемоари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cobainómano FANPAGE (@cobain_nomano)

Грол бил надвиснат од длабока тага на помислата дека Кобејн починал, за кого ќе каже дека бил „заљубен татко кој секоја вечер играл со неговата бебе ќерка во „бекстејџ“ пред секое шоу“.

„Во рок од 5 минути преминав од најтемниот ден во целиот мој живот, во преродба. Од тој ден натаму, ги градев моите ѕидови повисоки“, раскажува Грол како искуството го променило.

Курт Кобејн навистина почина само еден месец подоцна во април 1994, откако се самоуби со истрел од пушка во глава во семејна колиба. Но, овој пат нема да има втор повик кој ќе ја поправи информацијата на подобро.

„Овој пат е вистина. Беше заминат. Тоа беше крај“, пишува Грол, дополнувајќи дека иако се поминати 27 години оттогаш, сепак помислува на Кобејн постојано. Ќе раскаже дека трагедијата е длабоко врежана во него, блокирана од траумата кога ја слушнал информацијата за смртта еден месец порано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dave Grohl (@davestruestories)

Дејв Грол, кој е сè уште музички активен со групата „Foo Fighters“, изјави дека  секој пат кога ќе седне да отсвири некоја од заедничките песни, го „гледа“ Курт пред него како се бори со гитарата која ја свиреше на обратната страна и го вади својот глас од дното на своите гради.

Дејв и Курт беа дел од групата Нирвана, заедно со третиот член Крист Новоселич, која во 90-тите години го доведе новиот музички жанр „гранџ“ и го достигна врвот на музичките сцена со хитовите „Smells Like Teen Spirit“ и „Come As You Are“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jason Sheldon (@jasonsheldon)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот