фото: EPA/FILIP SINGER

Мото ГП: Возачот на Априлија Матео Бецеки со пол позиција за ГН Австрија

Возачот на „Априлија“, Марко Бецеки, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Австрија, во рамките од Мото ГП шампионатот.

Ова е првата пол-позиција на Италијанецот од 2023 година и Големата награда на Индија, со најбрз круг од 1:28.060.

Бецеки на тој начин ја донесе пол-позицијата на Априлија по нешто повеќе од година и пол.

Имаше и други изненадувања, Алекс Маркез го освои второто место, а Франческо Бањаја третото.

Меѓу првите 10 се најдоа и Марк Маркез, Енеа Бастианини, Фермин Алдегер, Педро Акоста, Раул Фернандез и Жоан Мир.

Спринт трката ќе се вози од 15.00 часот, а главната трка е на програмата в недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот