Мото ГП: Вињалес со рекорд до пол позиција во Холандија!
Возачот на „Јамаха“, Маверик Вињалес од пол позицијата (негова прва сезонава) ќе ја започне трката за Големата награда на Холандија, откако постави рекорд на патеката во Асен.
Препорачано
Шпанецот в недела ќе стартува пред својот тимски колега Фабио Квартараро кој е моментно водечки во генералниот пласман во Мото ГП шампионатот.
Главната борба во квалификациите се водеше помеѓу двајцата натпреварувачи од редовите на „Јамаха“.
На 10 минути до крајот, Квартараро до првото место дојде со рекордно време. Но, стигна одговор од Шпанецот во завршницата. На две минути пред крајот Вињалес постави нов рекорд на патеката во Асен и се избори за пол позиција.
Вињалес имаше најбрз круг со резултат 1:31.814 мин, додека Квартараро имаше време 1:31.886 мин. Вињалес по 24 пат во својата кариера ќе стартува од пол позицијата, 13 пат во „кралската“ класа.
VIÑALES TAKES POLE AT ASSEN! ?
The Spaniard wins a spectacular shootout between the @YamahaMotoGP team-mates! ?#DutchGP ?? pic.twitter.com/cfGGKzkxb5
— MotoGP™? (@MotoGP) June 26, 2021


