Мото ГП: Вињалес ја освои Големата награда на Катар
Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес денеска триумфираше на Големата награда на Катар со која стартуваше и новата сезона во Мото ГП шампионатот.
На тој начин Шпанецот дојде до деветтиот триумф во „кралската“ класа, а 21 негов во кариерата со секунда во однос на Жоан Зарко на Прамак Дукати.
Трет беше возачот на Дукати, Франческо Бaњаја кој во целта за 93 илјадитинки во борбата за подиумот го победи бранителот на титулата, Жоан Мир.
Она што ја одбележа првата трка покрај битката за врвот беше и лошото издание на минатогодишниот вицешампион Франко Морбидели кој го освои дури 19 место.
Неговиот тимски колега Валентино Роси заврши на 12 позиција, зад Штефан Брадл кој во Репсол Хонда го менува Марк Маркес. Сезоната ќе продолжи наредниот викенд со трката за ГН Доха која исто така ќе се вози на патеката „Лосаил“.