Мото ГП: Триумф на Бастијанини, Маркез направи хаос во Арагон

Енеа Бастијанини и Франческо Бањаја/фото: EPA-EFE/Javier Cebollada

Возачот на Гресини, Енеа Бастианини, победи на трката што се возеше за Големата награда на Арагон во Мото ГП шампионатот, а која ја одбележа поранешниот шампион Марк Маркез кој предизвика неколку инциденти.

Бастијанини до четвртиот триумф сезонава дојде со предност 42 илјадити делови од секундата пред Франческо Бањаја, кој стартуваше од пол-позицијата. Победникот беше решен во последниот круг кога Бастианини го престигна Бањаја.

Со триумфот во Арагон, Бастианини ја прекина низата на Бањаја, кој славеше на претходните четири трки.

Последното место на победничкиот подиум му припадна на Алеш Еспаргаро од Априлија, кој на целта стигна шест секунди зад победникот.
Покрај триумфот на Бастијанини, трката ја одбележа и возачот на Хонда, Марк Маркез, кој се врати по пауза од шест месеци и предзвика неколку нциденти.


Маркез уште во првиот круг, по неколку свиоци, предизвика пад на двајца возачи. Прво налета на лдерот во генералниот пласман Фабио Квартараро, а потоа го истера од патеката и Такаги Накагами.
Лидер во генералниот пласман е Фабио Квартарао со 211 бода, додека

Франческо Бањаја има 10 помалку, а Еспаргаро има 17 помалку. На четвртото место се наоѓа победникот во Арагон, Енеа Бастијанини со 163 бода, додека Џек Милер има 134.

Наредната трка ќе се вози следниот викенд и тоа во Јапонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот