Мото ГП: Енеа Бастијанини најдобар на трката во Малезија

Возачот на „Дукати“, Енеа Бастијанини/фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Возачот на „Дукати“, Енеа Бастијанини триумфираше денеска на Големата награда на Малезија, 18 трка од Мото ГП шампионатот оваа сезона.

Италијанецот Бастијанини славеше после водството кое го држеше од стартот од целта и на патеката „Сепанг“ ја запиша првата победа на „Дукати“, а петта во „кралската класа“.

На второто се најде Алекс Маркес (+1,535 сек.), пред лидерот на шампионатот Франческо Бањаја на третата позиција (+3,562 сек.)

Единствениот ривал на Бањаја во борбата за титулата Хорхе Мартин беше четвртопласиран, па разликата меѓу нив двајца порасна на 14 поени во корист на Италијанецот, на две трки до крајот на сезоната.

Наредната трка од Мото ГП шампионатот ќе се вози следниот викенд за ГН Катар. Пред мотоГП трката Педро Акоста веќе стана шампион во класата мото2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот