Мото ГП: Бастијанини најдобар на трката во Ле Ман

Втора победа сезонава за Енеа Бастијанини во Мото ГП шампионатот/Ле Ман, Франција/15 мај 2022/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Италијанскиот возач Енеа Бастијанини („Гресини Рејсинг“) е победник на седмата трка сезонава во Мото ГП шампионатот, возена во Ле Ман, за Големата награда на Франција.

На второто место се најде возачот на Дукати, Џек Милер, третопласиран членот на „Априлија“, Алеш Еспаргаро, додека актуелниот светски шампион Фабио Квартараро заврши на четвртото место.

Двајцата возачи на Сузуки, Алекс Ринс и Жоан Мир, паднаа за време на трката, исто како и пилотот на Дукати, Франческо Бањаја, па сега во генералниот редослед на возачите има само осум поени разлика помеѓу Квартараро, Бастијанини и Алеш Еспаргаро.

На табелата води Квартараро со 102 бодови, пред Еспаргаро со 98, а трет е Бастијанини (94).

Шампионатот ќе продолжи на 29 мај со трката за Големата награда на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот