Мото ГП: Бањаја до пол-позиција и рекорд во Ле Ман

Франческо Бањаја („Дукати“) со најбрзо време во квалификациите пред ГН Франција/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Франција. Неделната трка е на програмата од 14.00 часот.

Возачот на Дукати имаше време од 1:30.450 во квалификациите, што е најбрзиот круг на патеката во историјата.

Италијанецот до пол-позицијата во Франција стигна две недели по првата победа сезонава во Херез.

Фабио Квартараро беше најбрз речиси во текот на сите квалификации, но на две минути пред крајот иницијативата ја презедоа возачите на Дукати Франческо Бањаја и Џек Милер. Десет возачи ги завршија квалификациите во Ле Ман во седум десетинки.

Второ време во квалификациите постигна Милер (+0,069), додека трет беше Алеш Еспаргаро.

По нив следуваа Фабио Квартараро, Енеа Бастијанини, Жоан Зарко, Жоан Мир, Алекс Ринс, Хорхе Мартин и Марк Маркез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот