Морничави пророштва на Нострадамус за 2022 година – глад, војни, инфлација…

Фото: Профимедиа

Од смртта на еден светски владетел, до катастрофалните земјотреси, познатиот француски филозоф Нострадамус не ја изоставил ниту 2022 година кога се во прашање неговите пророштва, кои, верувале ние во тоа или не, во текот на претходните години се поклопуваа со настаните во реалноста. Според Нострадамус, планетата во 2022 година ја чекаат не толку добри работи, пишуваат британските медиуми.

Нострадамус за 2022 година нема добри предвидувања. Покрај заканите од вселената, од „овоземните“ проблеми, Нострадамус предвидел голема војна која ѝ се заканува на Европа, глобално затоплување, пад на вредноста на доларот, како и дека сето тоа ќе доведе до голем глад.

Нострадамус, француски лекар и астролог со вистинското име Мишел де Ностредам, успеал да предвиди некои клучни моменти од човечката историја како што се 11 септември, подемот на Адолф Хитлер во Германија, смртта на Кенеди и големиот пожар во Лондон.

Поедини теоретичари веруваат дека тој го предвидел и избувнувањето на пандемијата на коронавирусот во 2020 година.

Иако умрел во 1566 година, на светот му оставил многу пророштва, односно 942 кои продолжуваат до 3793 година.

Пророштвото од кое стравуваат голем број луѓе е дека се подготвува Трета светска војна, која ќе трае 30 години.

 

Удар на метеор. Последните неколку години предвидувањата на Нострадамус ја вклучуваат и големата закана од вселената. И за 2022 година, францускиот астролог предвидел „оган кој паѓа од небото“. Според предвидувањата, астероид ќе удри во Земјата и ќе предизвика големи цунами кои би уништиле дел од светската популација.

Војна во Европа. Едно од предвидувањата на Нострадамус за 2022 година е војната во Европа и инвазијата на Франција. Во своите стихови, меѓу другото, напишал дека ќе дојде до голема штета.

Имајќи предвид дека повеќето од неговите предвидувања се нејасно напишани во стиховите, не е познато дали се работи за избувнување на Третата светска војна, или можеби за нешто друго.

Инфлација. Уште една мака што го чека светот следната година според Нострадамус е растот на цените и економијата која пропаѓа. Тој предвидува дека инфлацијата ќе биде надвор од контрола, а дека вредноста на американскиот долар целосно ќе падне. Оние кои ги толкуваат овие предвидувања велат дека луѓето се повеќе ќе инвестираат во злато, сребро и биткоин.

„Медот ќе чини повеќе од восокот за свеќи“ е еден од стиховите од неговото предвидување во кое наведува и дека цената на пченицата значително ќе порасне.

Глобалното затоплување. Глобалното затоплување и свесноста за него е една од најжешките теми во последните неколку години. Да потсетиме, во текот на оваа година бевме сведоци на многу елементарни непогоди како поплави и пожари, па толкувачите велат дека ваквото предвидување не е изненадување.

Глад. Ако се остварат предвидувањата за војна, глобално затоплување и инфлација, логично е да се претпостави дека ќе се оствари и следното предвидување на Нострадамус за порастот на гладот ​во светот.

Меѓутоа, ниту тука не е крајот. Сè поголемиот број на луѓе кои гладуваат ќе доведе и до зголемување на миграција на населението. Поради тоа, предвидува Нострадамус, сè повеќе од нив ќе умираат на море, обидувајќи се да стасаат до бреговите на други земји.

Вештачка интелигенција. Технологијата во последните децении толку многу напредна така што е тешко да се каже што ни носи иднината. Нострадамус не е оптимистичен. Вештачката интелигенција, предвидува Нострадамус, може да го заземе целиот светот. Во своите стихови тој споменува „нов мудрец“ чии ученици се „повикани да бидат бесмртни“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот