Монах од Србија скокнал од амбулантно возило во движење во Грција
48-годишен монах од Србија е на интензивна нега во болница во Солун, откако скокнал од амбулантно возило во движење во северна Грција, соопшти грчката полиција, пренесе „Та Неа“.
Препорачано
Инцидентот се случил во вторникот, за време на транспортот од Уранополи кон Полигирос. Според информациите, монахот претходно се пожалил дека не се чувствува добро и имал симптоми кои упатувале на можен срцев проблем.
Во текот на возењето, истражителите претпоставуваат дека тој го одврзал безбедносниот појас, по што скокнал од возилото. Точните околности и мотивите за инцидентот сè уште се утврдуваат.
Повредениот монах најпрво бил пренесен во Општата болница во Полигирос, а потоа бил препратен на натамошно лекување во болницата „Ипократио“ во Солун.
ВИДЕО: Поп благословува „Ауди“ во Софија, на туристи им дојде да се прекрстат
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
37мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


