МОН го објави вториот јавен повик за финансиска поддршка за ученици и студенти

Министерство за образование и наука - табла / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Министерството за образование и наука го објави вториот јавен повик за финансиска поддршка за ученици и студенти.

Како што претходно најави МОН, повикот ќе се објавува секој месец, најдоцна до петтиот ден и ќе трае седум дена од објавувањето, а исплатата не е ретроактивна.

Во тек е пријавувањето за парична помош за околу 120 илјади ученици и студенти

На повикот можат да се пријават сите основци и средношколци чии семејства имаат вкупни приходи од нето-плата до 50.000 денари и студентите кои живеат надвор од местото на студирање.

Финансиската поддршка е дел од деветтиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра кој содржи 26 мерки за социјална сигурност, наменети за поддршка на ранливите категории на граѓани и компании.

Поради голем интерес МОН го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка на учениците и студентите

Околу 105 илјади ученици од основните и средните училишта кои потекнуваат од семејства со ниски месечни примања до 50 илјади денари, секој месец во наредните шест, ќе добиваат финансиски надоместок во износ од 1.200, односно 1.800 денари, а предвидени се ваучери за 15.000 студенти. Од буџетот за оваа финансиска поддршка ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра.

Првиот јавен повик е отворен од 18 до 24 декември оваа година.

Со новиот сет антикризни мерки опфатени и 120.00 млади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот