Поради голем интерес МОН го продолжи рокот за аплицирање за финансиска поддршка на учениците и студентите

Индекси, студенти, бруцоши
Студент со индекс / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Министерството за образование и наука информира дека е голем интересот за остварување на правото на финансиска поддршка за основците и средношколците. Рокот за аплицирање е продолжен и трае до понеделник, 25 декември, а истиот важи и за студентите. МОН ги потсетуваат студентите кои аплицираат за финансиски надомест за меѓуградски превоз дека пријавата се поднесува електронски преку порталот Е-услуги.

Од МОН појаснуваат дека родителите/старателите кои се приматели на гарантирана минимална помош од државата при аплицирање за остварување на правото на финансиска поддршка за своите деца – ученици како доказ за средствата кои ги добиваат доставуваат само Решение за добивање на гарантираната минимална помош, издадено од Центарот за социјални работи.

Во тек е пријавувањето за парична помош за околу 120 илјади ученици и студенти

Родителите/старателите кои не се во работен однос немаат обврска да достават потврда од Агенцијата за вработување, туку треба да достават извод од сите лични трансакциски сметки за претходен месец како доказ дека не постојат приходи по основ на плата (доколку не доставуваат решение за примање на гарантирана минимална парична помош).

Оние родители/старатели кои не поседуваат трансакциски сметки даваат своерачна изјава дека не поседуваат трансакциска сметка и таа не треба да биде заверена на нотар. Потоа ресорното министерството врши проверка на податоците.

За учениците чии родители не се во брак, изјава пополнува само родителот на кој со судска одлука му е доделено правото на старателство, без да се достави писмена согласност од другиот родител. Ова важи и за децата од вонбрачни заедници, изјава и податоци доставува само едниот родител.

МОН го објави повикот за финансиска поддршка за ученици и студенти

Правото на финансиска поддршка од 1200 денари за основци, односно 1800 денари за средношколци им следува и на учениците од приватните училишта кои имаат верификација за работа од Министерството за образование и наука.

Студентите потребно е прикачат потврда за редовен студент на државен универзитет; уверение за државјанство; лична карта или друг документ за идентификација; трансакциска сметка и доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање. Како доказ се доставува фотографија од месечен билет, фискална сметка или „принтскрин“ од цените објавени на веб страницата на превозникот, појаснија од МОН.

Падна веб-страницата на МОН, голем интерес за финансиска поддршка за ученици и студенти

Финансиската поддршка е дел од деветтиот пакет антикризни мерки, во вредност од 662 милиони евра кој содржи 26 мерки за социјална сигурност, наменети за поддршка на ранливите категории на граѓани и компании. Со мерките се опфатени  120.000 млади кои ќе добиваат поддршка од новиот пакет антикризни мерки.

Мерките ќе почнат да важат од 1 декември, а некои мерки во зависност од исплатата ќе почнат од јануари. Со мерките, покрај 120 илјади млади лица, опфатени се над 74 илјади социјално ранливи категории граѓани, повеќе од 187 илјади пензионери, 40 илјади земјоделци, 540 илјади корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, 600 илјади домаќинства, како и повеќе од 70 илјади компании.

Со новиот сет антикризни мерки опфатени и 120.00 млади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот