Момче на 13 години стана сениорски Европски шампион (ВИДЕО)

Младиот Украинец Олексеј Середа испиша историја во водените спортови. Со само 13 години и седум месеци тој стана сениорски европски шампион во скокови во вода од 10-метарска платформа. Середа со триумфот на ЕП кое се одржа во Киев, Украина, го собори досегашниот рекорд на најмлад европски шампион, што го држеше Британецот Том Дејли кој во 2008 година европското злато го освои со 13 години и 10 месеци.

Середа на скоковите од 10-метарска платформа славеше со 488 бодови, на второто место се најде Французинот Бенјамин Офре кој освои 14 бодови помалку, додека на третото место се пласира Руслан Терновои кои собра 445 бодови.

Дека младиот Олексеј Середа е идна голема ѕвезда на скоковите во вода доказ е и сребрениот медал во синхронизирани скокови од 10 метри заедно со Олег Сербин.
Середа имаше одличен настап и на Светското првенство во Гвангжу, Јужна Кореја каде го освои четвртото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот