Моќта на лавандата: Ублажува вознемиреност, главоболка и грчеви

unsplash

Лавандата е растение кое најчесто се поврзува со седативни ефекти. Се разбира, тоа може да значи многу работи. Точно е дека лавандата е најпозната како природно помагало при ублажување на анксиозноста и слични проблеми, но смирувачкиот ефект на оваа билка може помогне и при ублажување на главоболки, проблеми со спиењето, па дури и менструални болки и болки во мускулите.

Есенцијалното масло од лаванда, како и едноставно исушениот цвет од лаванда се користат во разни препарати за убавина и здравје.

Маст од лаванда, спреј или чај за мирен сон и ублажување на главоболка

Хроничната несоница е многу сериозен проблем со кој се соочуваат голем број луѓе. Спиењето има големо влијание врз здравјето, концентрацијата, помнењето како и во односите со другите. Ако сме многу уморни, честопати сме многу пораздразливи а со тоа и поконфликтни.

unsplash

Ако забележите дека вашиот сон веќе не е како порано или ви треба подолго време да заспиете откако ќе си легнете, потребно е да преземете нешто во врска со тоа. Колку подолго чекате, толку повеќе му дозволувате на проблемот да стане посериозен. Кога станува збор за многу тешка несоница, сепак, природните препарати не се доволни и нема да имаат значителен ефект, но вреди да се испробаат.

Меѓу најкорисните природни препарати е лавандата која има долга историја на употреба во алтернативната медицина која покажала дека помага при заболувања во поблаги форми и проблеми со спиењето.

unsplash

Направете си маст од лаванда. Додадете 10 капки есенцијално масло од лаванда на 2 лажици кокосово масло, промешајте и почекајте неколку минути. Потоа почнете со благо триење во областа на слепоочниците. Тоа може да го применувате кога имате главоболка, а доколку се борите со несоница се препорачува чај од лаванда.

Исто така, можете да помешате вода и есенцијално масло од лаванда во шише со прскалка, а потоа да ја попрскате постелината пред спиење, која ќе ви помогне во борбата за подобар сон.

unsplash

Есенцијалното масло од лаванда, жалфија и рози помага за ублажување на менструални грчеви

Дали често имате проблеми со силни менструални грчеви? За ублажување на менстуралните болки препорачлива е употреба на магнезиум и/или термофор наполнет со топла вода.

Во исто време, есенцијалното масло од лаванда може да биде многу корисно, особено ако го комбинирате со есенцијално масло од жалфија и рози.

Потребни ви се 10 капки есенцијално масло од лаванда, иста количина есенцијално масло од рози и 6 капки есенцијално масло од жалфија. Помешајте убаво и нежно масирајте го долниот дел од стомакот.

unsplash

Ароматерапија без дифузери во денови кога чувствувате вознемиреност

Во случај на напнатост, немир и слични симптоми, наједноставна решение е класичната ароматерапија.

Во тенџере истурете половина литар вода и додадете 10 капки есенцијално масло од лаванда. Почекајте да зоврие, а потоа намалете ја температурата и уживајте во смирувачкиот мирис кој полека ќе почне да се шири низ просторијата.

unsplash

Ако сте некаде каде, за жал, ја немате оваа опција  на пример на работа, едноставно оставете го отворено шишенцето есенцијално масло од лаванда и одвреме навреме со длабок здив преку нос мирисајте. Повторете неколку пати на ден или по потреба.

Купка за ослободување на болката во мускулите

Смирувачките ефекти на лавандата исто така можат да бидат корисни по напорна физичка активност, често придружена со напнатост или болка во мускулите.unsplash

За почеток, потребни ви се 2 лажици сув цвет од лаванда и исто толку цвет од камилица. Ставете ги во еден литар вода и почекајте да зоврие, потоа намалете ја температурата и додадете 3 лажици гел од алое вера. Почекајте уште 3 минути пред да ја исцедите смесата.

Во меѓувреме наполнете ја кадата со топла вода, а потоа додадете ја подготвената течност и уживајте. Купката нека трае најмалку 20 минути.

Видео на денот