Моќна мантра за среќа: Изговарајте ги овие зборови секое утро и гледајте како животот ви се менува!

Нашите мисли влијаат на тоа како се чувствуваме и што правиме и не ни е потребна никаква наука за тоа да го докаже…

Какви ни се мислите, таков ќе ви биде и животот. Сигурно сте забележале дека кога сте нервозни, целиот ден ви е исполнет со негативна енергија.

Доколку постојано зборувате како сте уморни, како имате малку пари и како на работа ви е ужасно лошо, тие мисли и реченици ве очекуваат и наредниот ден и така постојано имате впечаток дека ништо не се менува.

Мантрата е тука да ја поправи работата. Пробајте го ова секое утро, започнете со овие зборови и практикувајте да мислите само позитивно. Оваа вежба ќе има ефект единствено доколку сте фокусирани на позитивната страна од животот.

Не очекувајте промена преку ноќ, но со константна работа ситуацијата ќе се промени.

Секое утро по будењето и утринското кафе изговарајте ги овие реченици на глас:

– Убава сум. Денес ќе се средам како да ми е роденден
– Денес верувам во себе и носам вистински одлуки
– Се е во ред и се може да се поправи
– Се сакам себе и ги прифаќам своите мани
– Им се радувам на искуствата кои ќе ги стекнам денес
– Денес ќе го креирам мојот ден онака како јас што сакам
– Ја чувствувам љубовта, ќе започнам и да ја споделувам во голема мера
– Ништо не е до толку лошо, за да не може да се среди

Овие сосема едноставни реченици изговарајте ги секое утро, можете да додадете и некоја ваша која сметате дека ви е од голема важност. Нека биде позитивна и добронамерна. Применувајте ја мантрата секое утро, сами со себе, нека биде вашиот будилник за нов, среќен и успешен ден. Пробајте, набрзо ќе се уверите дека делува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот