„Мојот инстинкт ме истурка надвор“: Го преживеала пожарот во Кран-Монтана, па сега раскажува што се случило
Елеонора Палмиери, 29-годишна ветеринарка од Италија е една од преживеаните во катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелацион“ во Кран-Монтана, во кој во новогодишната ноќ животот го загубија 40 лица. Со тешки изгореници таа е префрлена во болница во Милано, каде што и понатаму се опоравува, пишува РТЛ.
Препорачано
Порака од болничкиот кревет
Младата жена се огласи на Инстаграм, споделувајќи фотографии на кои се гледа нејзиното изгорено лице, како и завитканите раце и дланки.
Во емотивна објава таа им се заблагодари на своето семејство, партнерот и медицинскиот персонал.
„Голема благодарност до лекарите и целиот персонал на болницата, кои се грижат за мене со голем професионализам и многу човечност“, напиша таа.
За време на опоравувањето, Елеонора не ги заборава жртвите од трагедијата.
„Моите мисли се со сите оние кои не преживеаја“, порача таа.
Сеќавање на трагичната ноќ
Во интервју за италијанскиот дневен весник „Ла Република“, Елеонора се присети како во последната секунда успеала да избега од запалениот бар.
„Како се спасив? Не знам. Мојот инстинкт за преживување ме истурка надвор“, објасни таа.
La forza di una donna pic.twitter.com/lOFFRCykUr
— Francesco Borrelli (@NotizieFrance) January 23, 2026
Да потсетиме, во новогодишната ноќ швајцарското скијалиште Кранс-Монтана беше погодено од незапаметена трагедија во барот „Ле Констелацион“.
Она што требаше да биде славје се претвори во еден од најсмртоносните пожари во поновата швајцарска историја.
Загинаа 40 лица, додека повеќе од 115 беа повредени. Многу од настраданите биле млади луѓе на возраст од 14 до 21 година.
Газдата на барот што изгоре во Швајцарија куртули од затвор – судот дозволи ослободување со кауција


