Газдата на барот што изгоре во Швајцарија куртули од затвор – судот дозволи ослободување со кауција

Судот одреди кауција од 200.000 швајцарски франци и секојдневно јавување во полиција за сопственикот на барот „Le Constellation“, кој заедно со сопругата е под истрага за убиство од небрежност по пожарот во кој загинаа 40 лица.

Сопственикот на швајцарскиот бар кој изгоре за Нова година ќе биде пуштен на слобода откако ќе биде платена кауција, соопшти денес надлежниот суд. Во трагичниот пожар загинаа 40 лица, а повеќе од 100 се повредени, пишува Ројтерс.

Жак Морети и неговата сопруга Џесика се под истрага поради сомнение за извршување на повеќе кривични дела, меѓу кои и убиство од небрежност.

Морети беше приведен на 9 јануари поради опасност од бегство. Двајцата изразиле жалење поради трагедијата и ветиле соработка со обвинителството.

Како мерки за спречување бегство, судот одреди кауција во износ од 200.000 швајцарски франци (253.485,42 американски долари) и обврска за секојдневно јавување во полициска станица, се наведува во соопштението.

Швајцарските обвинители претходно денес информираа дека спровеле две сослушувања со сопствениците на барот, кои во моментов се единствени осомничени во случајот.

Секое сослушување траело повеќе од десет часа и опфатило прашања поврзани со безбедноста и преуредувањето на барот „Le Constellation“. Обвинителството соопшти дека биле наложени и претреси, биле собрани докази и запленет имот.

Семејството на Стивен Ивановски, кој загина во пожарот во Кран-Монтана, бара донации за погребот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот