Стивен Ивановски / Фото: МКД Пианец / Фејсбук

Семејството на Стивен Ивановски, кој загина во пожарот во Кран-Монтана, бара донации за погребот

Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој загина во пожарот за новогодишната прослава во „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, бара донации за да ги покрие трошоците на закопот на момчето.

На прославата Стивен бил со својата сестра, која за среќа е меѓу преживеаните.

„Стивен го загуби животот во тој бар. Неговата сестра, која излезе малку на воздух, за среќа преживеа. Трагичен сплет на околности. Случајност. Страшната судбина на ова братство“, објави Македонското друштво Пианец во Швајцарија, на социјалните мрежи.

Трансакциските сметки се отворени за да се помогне на семејството да се справи со погребните трошоци, како и да се обезбеди финансиска поддршка во овој длабок период на жалост, кога болката се надоврзува на материјалните грижи, додаваат од друштвото.

Александра Ивановска (мајка на Стивен)

Жиро сметка за Македонија: 300057104118092 Комерцијална банка

Како што претходно објавија од Македонското друштво, погребот беше вчера на гробиштата во Орон-ла-Вил.

Во страшниот пожар во барот „Констеласион“ загинаа најмалку 40 луѓе, а повредени беа повеќе од 100.

 

 

Газдарицата на барот во Швајцарија бегала со касата кога избувнал пожарот? – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот