Моите 1 + 5: По избор на Гоце Цветановски, „Clockwork Orange“ на Стенли Кјубрик

Гоце Цветановски/Clockwork Orange
Гоце Цветановски/Clockwork Orange

За мојот најдобар филм на сите времиња, во зависност од моменталното расположение секогаш се во конкуренција три филма од истиот режисер, неповторливиот Стенли Кјубрик. Секој негов кадар е мало ремек дело само по себе. Секој негов филм е симфонија на совршенството.

Се одлучив за „Clockwork Orange“ затоа што го имам гледано неверојатен број пати. Затоа што е една од причините зошто се одлучив за режисерска кариера. Затоа што си игра со чувствата на гледачот, нѐ тера да симпатизираме со антагонистот кој е истовремено и протагонист, и поставува суштински прашања околу човечката слобода на избор и разликата меѓу доброто и злото.

„Clockwork Orange“ е ретрофутуристички сајбер панк филм кој ја истражува природата на човечката душа.

Уште од првиот кадар, Кјубрик ме хипнотизираше и ме вовлече во својот необичен свет. Не би можел да одделам нешто посебно, бидејќи сѐ во филмот ми е совршено. Од начинот на комбинирање на музиката со сликата, Кјубриковата „перспектива во една точка”, генијалниот перформанс на сите актери, впечатливиот дизајн на костими и ентериери, црниот хумор, начинот на раскажување на приказната. На секое гледање на филмот, имам впечаток дека го знам на памет, но истовремено секој пат уживам на различен начин.

Освен споменатото, немам некое рационално објаснување зошто го обожувам Кјубрик и неговата филмографија.

Љубовта не се објаснува, таа едноставно се чувствува и се живее. Гледајте филмови!

+ 5

2001: A Space Odyssey“ (1968), Стенли Кјубрик

8 ½“ (1963) Федерико Фелини

„For a Few Dollars More“ (1965) Серџо Леоне

„Pulp Fiction“ (1994) Квентин Тарантино

„Breathless“ (1960) Жан-Лик Годар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот