Многумина велат дека не успеала да го преболи Винсент Касел: Моника Белучи откри како изгледал нивниот брачен живот

Фото: Профимедиа

Поранешниот сопруг на Моника Белучи, познатиот актер Винсент Касел сега ужива покрај 30 години помладата манекенка Тина Кунаки, а неодамна парот доби и дете.

Моника Блучи уште на тринаесет години започнала да се занимава со моделинг, со цел да го плаќа своето школување, а за нејзиниот љубовен живот не престанува да се зборува ниту денес.

До 1989 година Моника стана едно од најпрепознатливите лица на париската модна сцена.

Студирала право на Универзитетот во Перуџа, но на крајот се откажала од факултетот, со цел да му се посвети на моделингот. Се омажила за фотографот Калудио Баса во 1990 година, но се развеле по четири години брак. Откако работела на неколку италијански телевизии, и по глумата во неколку филмови, Белучи и се претстави на американската публика со филмот „Дракула“ во 1992 година.

На снимањето на филмот „Апартман“ актерката го запозна Винсент Касел, со кој глуми во филмот, а по неколку години тие се венчаа.

Фото: Профимедиа

Додека биле во брак, Винсент и Моника живееле во одвоени станови, со цел да не упаднат во рутина и да си станат навика еден на друг. И покрај тоа тие се разведоа во 2013 година.

По разводот од Винсент по тринаесет годишниот брак, таа сфатила дека не знае што да прави сама, но исто така нагласила и дека љубовта не познава развод и дека тие можеби некогаш ќе се сретнат и ќе се смират, по што многумина заклучија дека таа никогаш не го преболела.

Познатиот актер сега ужива со 30 години помладата манекенка Тина Кунаки, а неодамна добија и дете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот