ФОТО | Многумина ја нарекуваат најубавата жена во светот: Вака изгледаше кралицата Ранија пред операциите!

Фото: Профимедиа

И таа му подлегнала на трендот на подмладување…

Јорданската кралица Ранија важи за исклучително убава, младолика и модерна дама, која со својата убавина, манири и јавни настапи го маѓепса половина свет.

Исто така, кралицата Ранија важи за една од дамите кои не се двоумеа да одат „под нож“ и на тој начин да го „поправат“ она што не им се допаѓа на лицето.

Кралицата Ранија во 2006 година, Фото: Профимедиа

Иако таа не сакала хируршки да го смени изгледот на носот, јаболчниците и слично, кога ќе ги погледнете нејзините постари фотографии, може да се види дека и кралицата Ранија подлегнала на трендот на филери и подмладување со ботокс.

Кралицата Ранија во 2008 година, Фото: Профимедиа

Денес може да се види дека нејзиното лице е значително пополнето, но и неприродно затегнато, со оглед на тоа дека во август ќе наполни 51 година.

Фото: Профимедиа

Сепак, и покрај фактот дека јасно се гледа колку нејзиното лице се променило во изминатите децении, кралицата Ранија сепак сè уште важи за една од најубавите жени во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот