17.8 C
Скопје

МНОГУ СИ СЕКСИ: Судија вознемируваше девојче кое ги собираше топчињата! (ВИДЕО)

Џанлука Москарела е суспендиран од страна на АТП поради непримерни коментари кон малолетното девојче (13) кое ги собираше топчињата, пренесува британскиот таблоид „Експрес“.

– Фантастична си. Многу си секси. Дали си добро? Жешко ти е? И мене исто – беа зборовите на судијата кон девојчето, па подоцна продолжи со скандалозно и вознемирувачко однесување.

Во бројни инциденти учествувал судијата Џанлука Москарела во текот на мечот помеѓу Педра Соуза и Енрика Дала Вале на АТП Челинџер турнирот во Фиренца минатата седмица. Москарела веднаш после исклучувањето од турнирот е започната истрага, се вели во соопштението на АТП организацијата.

– Во меѓувреме, Москарела е повремено суспендиран од своите услуги како договорен службеник на АТП до очекување на резултатите од истрагата – стои во текстот на „Express.com“

Москарела е член на АТП од 2010 година и има „Златна значка“, што е највисок вид на сертификат за судии во тенисот.

Поврзани вести

ВИДЕО: Не издржаа, се истепаа англиските и шкотските фанови

Слободен печат

Храбрата Шкотска и зеде бод на Англија

Слободен печат

Хрватите очајни: Спори сме, не заслуживме повеќе од реми

Слободен печат

Ѓоковиќ го продаде станот во Мајами за шест милиони долари

Слободен печат

ФОТО: Фудбалерите го „сефтосаа“ теренот на „Јохан Кројф“ арената

Слободен печат

Навивачите на Парма не му простуваат на Буфон: Си замина како платеник, сега не може да се вратиш како херој

Слободен печат

Остави Коментар