Многу повеќе сакам сонце, базен и пиво отколку Франција

epa08709087 Benoit Paire of France hits a forehand during his second round match against Federico Coria of Argentina at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 30 September 2020. EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Францускиот тенисер Беноа Пер се смета за еден од најинтересните тенисери кој секогаш е искрен во своите изјави.

Беноа Пер по настапот на Австралија Опен, одлучи да не прави пауза и настапува на турнирот во Кордоба, Аргентина каде обезбеди пласман во четвртфиналето по победата над Чилеанецот Николас Жари со 6:2,6:4. Турнирот во Кордоба е од серијата АТП 250 со награден фонд од 294.235 долари.
Пер се одлучи да настапи во топлата Аргентина каде сега е лето наместо да игра на турнирот во Монпелје во родната Франција. Французинот имаше оригинален одговор зашто ја избра Аргентина пред Франција.
– Тешко ми е да играм без публика, во Франција е ладно. Толку сум блиску до домот и семејството и знам дека доколку го загубам првиот сет, едноставно ќе посакам што побрзо да си одам дома. Сакам земјени терени и повеќе сакам да сум тука на сонце, во хотел со базен и пиво отколку да сум во Франција – одговори Пер.
Пер во четвртфиналето ќе се сретне со аргентинскиот тенисер Федерико Корија кој беше подобар од Франсиско Черундоло со 1:6,2:6,4:6.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот