Младите борачи на Шкупи освоија четири медали на Балканските игри во Турција

фото: facebook.com/bfrsm.mk

Боречкиот клуб Шкупи ја претстави Македонија во најдобро светло на Балканските игри за детско борење во Турција.

На игрите во Јалова борачите на Шкупи го освоија третото место во екипен пласман.

Борачите се закитија со четири медали од кои два златни и два сребрени, информираа од федерацијата.

Златен медал освои Харун Мемеди во категоријата 30 кг. и Илхан Муртези (52 кг.), додека сребро имаат Заим Заими (42 кг.) и Абдулазиз Азизи (42 кг.)

На Балканските игри кои се организираа по осмипат имаше 150 натпреварувачи, соопштија организаторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот