Младиот македонски пејач тргна да ја освојува светската музичка сцена! (ВИДЕО)

Фото: Промо

Во бројно присуство на афирмирани артисти, музички експерти, колеги, пријатели и новинари во средата во едно познато во Скопје беше промовиран новиот музички проект на македонскиот артист Борис Цветановски, кој на интернационалната музичка сцена ќе се претстави под псевдонимот Ris Flower.

Неговата експлозивност како фронтмен препознаена од многумина, во комбинација со творењето на привлечни популарни теми и заразни мелодии, отпеани на англиски јазик, тој создава производ кој неоспорно има капацитет за достигнување на светските плејлисти.

Мистериозните текстови споени со музичките теми кои би допреле до секој, го дефинираат Ris Flower како инди-поп артист со мноштво од рок, денс-рок, пост-брит поп и инди-хаус елементи.

Фото: Промо

Снимањето и обработката на овој музички проект се направени од врвни и докажани продуценти во едни од технички најопремените и модерни музички студија во Турција, додека ангажираните музичари и продуценти за овој проект се всушност соработници на најголемите турски ѕвезди како Таркан, Мустафа Сандал, Сертеб Еренер и многу други.

Како продуценти и автори на аранжмани во овој проект се јавуваат Павле Васиљевиќ и Мустафа

Чанбазлар, Арикан Сиракаја – микс и мастеринг (Studio Ari), Ема Јакимова како проект координатор и контент креатор и Даниела Ѓуровска како главен стилист.

Првата песна од овој проект е насловена „Translucent”, за која е изработен и видео запис. Темата во видеото е заробеноста на ограничениот ум во „коцката” (кутијата) и трнливиот пат кој треба да се мине за да се излезе од неа и да се дојде до состојба на слобода, конечно ослободување на умот.

Снимањето, продукцијата и режијата на видео записот е комплетно дело на Андреј Ѓорѓиевски. „Translucent” е најава за се она во периодот што следи од „Ris Flower”. Борис Цветановски можете да го следите на сите популарни музички платформи Apple Music, Spotify , Deezer, и на неговиот официјален YouTube канал на музичкиот сервис VEVO.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот