Студентски дом „Браќа Миладиновци“ во Штип / Фото: „Студентарија“

Мизерни услови за штипски студенти – мувла во бањите секој ден, конзерви за јадење цел викенд

Студентите сместени во домот „Браќа Миладиновци“ во Штип се жалат на недоволна и несоодветна исхрана, лоши санитарни услови и ограничен простор за учење, објави Студентарија.

Според фотографиите што ги испратиле студентите, за цел викенд добиваат конзерви паштета и месен нарезок, а 130 студенти се борат за место во две туш кабини и на располагање имаат само шест тоалети.

„Студентарија“ пишува дека цел викенд им била сервирана само конзервирана храна – две паштети, две конзерви месен нарезок, едно чоколадо и еден кроасан, што им бил единствениот оброк за два дена.

Слична е ситуацијата и во текот на работната недела. Според тврдењата на студентите оброците ретко содржат салата, овошје или десерт и не ги исполнуваат нутритивните стандарди што би требало да важат за еден студентски дом.

Студентите немаат место ниту во читалните. Според фотографиите, станува збор за простории кои се преадаптирани како „читални“.

Големината на просториите воопшто не соодветствува со бројот на поставени маси и студенти кои е предвидено да учат таму истовремено.

Во студентскиот дом сместени се и средношколци, а во некои соби, бројот на станари кои живеат заедно изнесува 6 или повеќе.

– Поради немање капацитети, дел од студентите се сместени во соби со средношколци и се принудени да се враќаат во соба до 22 часот и покрај тоа што станува збор за академски граѓани – пишува „Студентарија“.

Студентите велат дека неодамна била извршена санитарна инспекција, која, како што им било кажано, утврдила дека „се е во ред и согласно стандардите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот