„Мисија ЕУРО 2020“: Ракометарите спремни за турскиот „пекол“! (ФОТО)

Фото: РФМ

Селекторот Данило Брестовац, заедно со 16 играчи на кои ќе смета за мечот ги одработија последните подготовки во салата каде вечерва од 18:00 часот по македонско време ќе го одиграат натпреварот против најдобрите турски ракометари.

Македонија и Исланд имаат по пет освоени бодови во досегашните четири средби, додека репрезентацијата на Турција е на третата позиција на табелата со четири бодови, потоа Грција со два бода.

Фото: РФМ

Официјалниот состав на македонската репрезентација за денешниот дуел: Димитриоски, Георгиевски, Јагуриноски, Костески, Кукоски, Кузмановски, К. Лазаров, Бор. Маџовски, Н. Маркоски, В. Маркоски, Митревски, Пешевски, Ристовски, Стоилов, Талески, Танкоски.

Дејан Манасков поради повреда ќе ги пропушти двата важни дуели за учество на ЕУРО. А како што се најавува Стоилов нема да настапи против Грција.

Фото: РФМ

По средбата во Ескишехир, Македонија последното коло од квалификациите ќе го одигра во недела (16 јуни) против Грција во Струмица.

Во првата пресметка помеѓу Македонија и Турција одиграна во Битола во октомври 2018, Македонија славеше со 31:27. Судии на денешниот меч се Евгени Зотин и Николај Володков од Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот