Без Манасков против Турција и Грција – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеРакометСпорт

Без Манасков против Турција и Грција

Крилото на Веспрем поради повреда нема да биде дел од македонската репрезентација на последните два натпревари од квалификациите за пласман на ЕП 2020.

Македонската ракометна репрезентација со денешниот собир ги започна подготовките за последните два натпревари против Турција и Грција во квалификациите за пласман на ЕП 2020.
Првиот натпревар Македонија го игра на 12 јуни на гости против Турција, додека финишот на квалификациите е против Грција на 16 јуни во Струмица.

Селекторот Данило Брестовац последните два натпревари ќе мора да ги игра без стандардното крило Дејан Манасков кој го откажа настапот поради хематомот кој го спречи да има поголема минутажа на фајнал фор турнирот во Келн, додека пикерот Стојанче Стоилов ќе настапи на натпреварот во Ескишехир против Турција, а нема да биде дел од репрезентацијата против Грција поради проблеми со менискусот.

– Манасков откажа, а за Стоилов треба да видиме. Последно е дека ќе игра со Турција, а за потоа ќе договориме. Ќе ги видиме Димитровски и Маџоски што и колку можат на овие натпревари. Приоритет ни е добар натпревар, борбен дуел и секако очекувам победа. Ќе играат тие што се подготвени  да се „степаат“ со Турците. Очекувам победа со која ќе го задржиме првото место во групата – изјави Брестовац.

На собирот не се појавија ниту Лазаров, Стоилов, Кузмановски и Талевски, додека Борко Ристовски има настинка но на првиот тренинг се очекува репрезентацијата да биде подготвена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close