Мираковски: Секој ја гледа својата шанса, на 40 минути сме од трофејот

Фото: kfsm.mk

Екипата на Работнички успеа да обезбеди финале во Купот на Македонија, „Благоја Георгиевски Буштур“ откако ја заврши својата задача на претпоследната пречка елиминирајќи го Еуро Никел со резултат 85:79.

В недела во СРЦ „Кале“ во финалето тимот од „Градски парк“ ќе ги одмери силите со градскиот ривал МЗТ Скопје Аеродром со почеток од 17.30 часот.

Димитар Мираковски, тренерот на Работнички:

– Можам да го поделам натпреварот на два дела. Првото прво полувреме каде немавме агресивност, немавме функционална одбрана и притисок на топка, примивме 40 поени. Во второто полувреме зголемивме на агресивност, притиснавме предна линија, центрите притиснаа како што треба и дојдовме до резултатот на крај. Играчите сфатија дека ова е Куп и дека секој ја гледа својата шанса. Овде има квалитетни екипи, најквалитетните во лигата. Лесно нема да ни биде, меѓутоа играчите мора да бидат свесни дека се работи за финале, се дава се од себе и буквално се гине на теренот. На 40 минути сме од трофејот.

Горан Самарџиев, тренерот на Еуро Никел 2005:

– Мојот тим покажа една храбра борба и на тоа сум горд. Видовте крајно изедначен ова според мене е како финале. Сега сум полн со емоции и нема да коментирам како гледам на натпреварот. Влеговме рано со лични грешки, но машки издржавме и се боревме до крај. Ова беше еден дерби натпревар. Сега останува да се рехабилитираме после поразот и во среда да играме добра кошарка против Гостивар во плејофот. На добар пат сме.

Куп: Работнички ќе игра во финалето против МЗТ Скопје Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот