Министерството за образование во Тирана демолирано од студентите- Слободен печат
ВестиРегион

Министерството за образование во Тирана демолирано од студентите

До министерството се испратени 14 барања од страна на организаторите на протестот, а денеска доставиле пет од нив за кои нема преговарање.

Тензично во Тирана, откако студентите ги искршија прозорците и фрлаа димни бомби врз Министертвото за образование.

До министерството се испратени 14 барања од страна на организаторите на протестот, а денеска доставиле пет од нив за кои нема преговарање.

Тоа се укинување на Законот за високо образование, квалитетно образование за сите млади преку обезбедување на финансиска поддршка за двата студиски циклуси, рангирање на програмите според најдобрите современи модели, поголема застапеност на студентите во раководните структури на Унверзитетите, како и вистинска автономија на високообразовните институции.

– Ова е симболичен протест, но и порака што треба да преземе Министерството за образование за да ги исполни барањата, бидејќи утре ќе бидеме многу повеќе и нема да седиме како во декември – порачаа студентите.

Во декември минатата година, студентите започнаа големи протести пред Министерството, кои траеја до февруари, со кус прекин за време на новогодшните и божиќните празници. Тие бараа пониски тарифи и подобрени услови на универзитетите и студентските домови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close