Горан Минчев Фото Принтскрин

Министерот Минчев: Прикрај сме со новиот Закон за јазиците, чекаме став од Венецијанската комисија

Како коалиција веќе сме во завршна фаза на нов Закон за употреба на јазиците на етничките заедници, изјави министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во неговото гостување во емисијата „Тема на денот“.

Тој се осврна на очекувањата пред вториот круг од локалните избори, нагласувајќи дека не верува во постоење на неподдршка меѓу коалициските партнери по укинувањето на алатката „Балансер“, што, како што потсети, е одлука на Уставниот суд.

Минчев додаде дека новиот Закон за употреба на јазиците на етничките заедници моментно го разгледува Венецијанската комисија.

Тешко дека до изборите ќе има одлука за „запаливиот“ Закон за јазиците

Минчев очекува до крајот на годинава да биде изгласан и Законот за висока раководна служба, прецизирајќи дека првиот пакет од четири закони веќе е донесен. Тој додаде дека во Министерството за јавна администрација се подготвува пакет од три нови закони, додека, пак, во Министерството за правда интензивно се работи на пакет од 22 закони кои се во различни фази на донесување.

– Министерството за јавна администрација оди со пакет на три нови закони, за висока раководна служба, за плати и за организација на државната служба што се носи со двотретинско мнозинство. Мислам дека до крајот на годинава ќе успееме да го донесеме законот за висока раководна служба – рече Минчев.

Одлука за Законот за јазиците по изборите – Османи се сомнева дека ќе се укине

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот