Милков се враќа во тимот, Ѓорѓиев и Маџунков ги санираат повредите – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Милков се враќа во тимот, Ѓорѓиев и Маџунков ги санираат повредите

Одбојкарите ја отворија третата недела од подготовките во Маврово, со два тренинзи дневно, како и индивидуални вежби во зависност од позицијата во тимот.

Ѓорѓи Ѓорѓиев и Филип Маџунков се на рехабилитација и не тренираат, а в среда на репрезентацијата ќе и се приклучи Александар Милков.

Со него, селекторот Никола Матијашевиќ ќе го има на располагање целиот потенцијал на примачка дијагонала. Конкуренцијата ќе биде засилена, иако се уште е незивесно дали коленото на Милков ќе може максимално да ги издржи напорите, а со тоа и дали ќе биде во конкуренција за настап на Европското првенство во септември.

Честа да го носат црвено-жолтиот дрес на континенталниот собир ќе го имаат 14 одбојкари. По тренинг фазата во Маврово, нашиот национален состав ќе влезе во серија пријателски натпревари коишто ќе бидат последен филтер за играчите на поширокиот список.

Во групата „Ц“ на дебитантскиот еврошампионат за нас, македонската селекција ќе игра против Финска, со освојувачот на „Златната Европска лига“ Турција, потоа со бранителот на континеталната титула Русија, со вицепрвакот од „Златната Европска лига“ Белорусија и со кодомаќинот на собирот Словенија.

Првиот дуел со Финците е закажан за 12 септември, а последниот со Словенците пет дена подоцна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close