Миленкоски и ПАОК финалисти во грчкиот одбојкарски плеј-оф

фото: принтскрин/Youtube/ΕΡΤ Α.Ε.

Македонскиот одбојкарски тренер Јошко Миленкоски запиша уште еден голем триумф со ПАОК во рамките од плеј-офот во грчкиот шампионат.

Денеска со 3:0 во сетови 25:23, 25:18 и 25:21 славеа играчите на нашиот стратег и со 3:0 во полуфиналната фаза го елиминираа Панатинаикос.

Во третиот сет Панатинаикос имаше водство од 17:15, но составот на Миленкоски направи пресврт кога беше најпотребно (22:20) по што таквата предност не се пропушти и до крајот само рутински се дојде до победата.

Во финалната серија противник на ПАОК ќе биде Олимпијакос кој запиша уште една победа над АОНС Милон од 3:0 (25:20, 25:18, 29:27).

Миленкоски претходно со ПАОК успеа да го освои трофејот во Купот на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот