Милановиќ: Санкции кон Путин и Русија се апсурдни, тие не можеа да го поразат ни Милошевиќ

Зоран Милановиќ/ Фото: Andrej Tarfila / Shutterstock Editorial / Profimedia

Руската државна новинска агенција ТАС ја пренесе изјавата на Милановиќ од Вуковар во која тој го критикува односот на западните земји кон војната во Украина и санкциите воведени кон Русија.

„САД и НАТО учествуваат во прокси војна против Русија на територијата на Украина, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на прес-конференција во градот Вуковар на истокот на земјата“, пишува ТАСС.

ТАСС ја пренесува и неговата реченица во која вели дека „Вашингтон и НАТО водат прокси војна против Русија со помош на Украина“. Посочуваат дека Милановиќ рекол и дека не гледа смисла да се воведат санкции кон Москва.

„Планот не треба да биде замена на Путин. Планот не треба да биде санкции. Санкциите се апсурдни и не можеме да постигнеме ништо со нив. Тие не можеа ни да го поразат Милошевиќ. Тие се движат од една во друга војна. Но како да се чувствувам – како роб на Америка?“ стои изјавата на Милановиќ пренесена од ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот