Мика ме силуваше додека другите деца беа покрај нас: Потврдено е обвинението против Мирослав Алексиќ

мирослав мика алексиќ
Фото: Принтскрин / Инстаграм

Високиот суд во Белград го потврди обвинението на Вишото обвинителство, кое е покренато против сопственикот на актерското училиште „Stvar srca“, Мирослав Алексиќ, обвинет за повеќе силувања и незаконски сексуални дејствија извршени врз неговите ученици.

Високиот суд наскоро треба да закаже подготвително рочиште, кое би го започнало судењето половина година по апсењето на Алексиќ, пишува порталот „Нова.рс“.

Шокантно сведоштво на српската ѕвезда: Повеќепати ме силуваше познатиот сопственик на угледното училиште Мирослав Мика Алексиќ, има и други жртви

„Вонсудскиот совет на Високиот суд во Белград, на седницата одржана на 29 јуни 2021 година, донесе решение со кое се потврдува обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград, поднесено против обвинетиот Мирослав Алексиќ, обвинет за извршување на повеќе кривични дела – силување со продолжено траење како и повеќе кривични дела на недозволена сексуална активност“, се наведува во соопштението.

Уште две нови жртви на Мирослав Мика Алексиќ: Едната девојка со потресна исповед

„Испитувајќи го обвинението на Вишото јавно обвинителство, Кривичниот вонсудски совет зазеде став дека доказите собрани во текот на предистражната и истражната постапка даваат доволна основа за да се заклучи дека обвинетиот е оправдано сомнителен дека ги сторил кривичните дела“, истакнал Високиот суд.

Против ова решение обвинетиот и неговиот бранител можат да поднесат жалба до Апелациониот суд во Белград, во рок од три дена од денот на приемот на решението.

Милена Радуловиќ: Ме контактираат неверојатен број на жени – жртви на насилство, дури од Русија

Јавноста дозна за случајот со Мирослав Алексиќ во јануари, оваа година. Обвинението против Алексиќ беше поднесено на 21 април, а тој беше обвинет за сторени две продолжени кривични дела – силување, две кривични дела силување, едно продолжено кривично дело незаконити сексуални дејствија и четири кривични незаконски сексуални дела, на штета на седум оштетени страни, стои во соопштението од обвинителството.

Милена Радуловиќ за случајот со Мика Алексиќ: Инспекторката ја врати мојата верба во животот!

Еве како Мика Алексиќ воведувал 13-годишни девојчиња во неговиот предаторски свет: Сведокот Т. С. со потресни детали раскажа сè што слушнала и видела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот