Уште две нови жртви на Мирослав Мика Алексиќ: Едната девојка со потресна исповед

Instagram

Се појавија уште две жртви кои ќе останат анонимни за јавноста, кои ќе сведочат против Мирослав Мика Алексиќ, сопственик на школа за глума, откако шест девојки веќе го обвинија за силување или сексуално малтретирање.

Како што пишуваат српските медиуми, едната жена (46) која се пријавила во полицијата како нова жртва на Алексиќ, била сексуално злоставувана од сопственикот на училиштето за глума пред 2008 година, па затоа нема да поднесе кривична пријава против него поради застареноста на случајот.

Сепак, таа ќе ги поддржи шесте девојки кои го направија тоа и ќе сведочи против Алексиќ.

Другата 20-годишна жртва на Мирослав Алексиќ (68) во изјава за „Блиц“ вели дека Алексиќ ја силувал скоро секој вторник и тоа траело седум месеци.

По часовите повраќав, ослабев, се исушив. И денес не можам да ја вратам својата нормална тежина“, вели таа.

Шокантно сведоштво на српската ѕвезда: Повеќепати ме силуваше познатиот сопственик на угледното училиште Мирослав Мика Алексиќ, има и други жртви

Таа веќе дала изјава пред обвинителството, а за „Блиц“, под услов на анонимност, раскажала низ што поминала во текот на десетте години поминати во школата за глума…

Започна две недели по мојот 18 роденден. Како да чекаше да станам полнолетна, иако другите девојчиња беа помлади кога ги малтретираше. Кога започна сѐ, повраќав, изгубив 11 килограми. Се исушив. Не повраќав само по училиште, тоа се случуваше и преку ден. Секој оброк го повраќав“, изјави девојката.

Во тој период ја прекинала врската со своето момче затоа што тој забележал дека таа повеќе не е истата девојка. Нејзините пријатели забележале дека почнува да се повлекува во себе. Почнала да не се дружи, да не излегува.

Кога првпат ме однесе во неговата соба (во просториите на таканаречената школа за глума), се сеќавам дека цел еден час зборуваше за женската самодоверба и за фаталните жени. Зборуваше за тоа дека не постои самодоверба кај жените, дека ветрот може да ја одведе… Цело време ме гледаше во очи. Имав нула самодоверба поради него, но не бев ни свесна за тоа во тоа време. Го гледав со воодушевување! Мислев дека тој знае сè и дека тој гледа сè! Тој го процени тоа и ме однесе во една соба, каде ми рече дека ќе работиме на мојата самодоверба и дека ќе ми помогне. Тој е многу интелектуална личност, препаметен човек кој подготвил совршено злосторство“, изјавила 20 годишната девојка.

Како што вели анонимната девојка, знаела дека тоа што се случува не е добро. Се чувствувала ужасно и плачела цело време.

Кога ќе се случеше тоа, се туширав 10 пати. Без претерување, 10 пати. Влегував во када, се туширав, излегував, и потоа се враќав во кадата затоа што морав да го исчистам тоа од мене. Знаев дека не е нормално да ме допира некој на возраст од 66-67 години, тоа беше одвратно за мене, но, не се сомневав дека има какви било намери што не беа педагошки и дека тоа го прави за мое добро. Тоа е тој болен страв дека ти не смееш да го разочараш, никако! Се враќав во школата затоа што се плашев дека ќе помисли дека не сум дошла поради тоа…“, раскажала таа.

Судот му одреди притвор на Мирослав Мика Алексиќ

Вели дека сè уште го чувствува мирисот на Алексиќ и дека ѝ се причинува дека го гледа на улица, иако не го видела скоро две години.

Да нѐ нападнеше некој на улица и да нѐ однесеше во некој подрум, можеби ќе успеавме да се одбраниме, но не и од него. Тој нè воспитуваше… Тој беше клучниот ментор“, вели таа.

Силувањата, како што тврди, се повторувале скоро секој вторник цели седум месеци.

Понекогаш пропушташе еден или два вторници и мислев дека ќе престане, дека сè ќе биде како што треба… И тогаш повтроно ќе те поканеше во неговата соба. Се сеќавам на тој болен страв пред да одам во таа просторија…“, раскажува таа.

Нејзината цел, вели, била професорот да не силува повеќе девојки. Кога се запишала на факултет, поканила две девојки од групата на кафе и им кажала сè.

Морав да им кажам затоа што знаев дека нема да можат да му кажат не. Им реков: или да излезат од групата и да се запишат на глума без него, бидејќи беа талентирани и вредни, или да не се запишат на глума, за да не мора да одат на подготовки. Се чувствувам добро затоа што ги спречив да го доживеат истото што го доживеав јас“, вели таа.

Вучиќ за случајот со Алексиќ: Како татко на женско дете, можам да кажам дека не постои нешто поодвратно

Таа ги повикува сите жртви да се јават и да пријават, да прозборат доколку поминале низ истото, затоа што е сигурна дека има уште.

Алексиќ, кој е осомничен за силување или сексуално вознемирување на неговите ученици, е обвинет за сексуално злоставување на шест девојчиња во периодот од 2008 до 2020 година. Сите шест го пријавиле во полиција.

Првиот случај наводно се случил во 2008 година, а периодите за кои е обвинет Алексиќ може јасно да се поделат на два дела: од 2008 до 2003 година и по 2018 година. Имајќи предвид дека нема извештај за цели пет години, од 2013 до 2018 година, затоа се сомнева дека имало уште девојки кои биле жртви на ваквиот предаторски чин.

Минатата недела, Алексиќ беше испрашуван во Вишото јавно обвинителство во Белград, каде што ги негираше сите обвинувања, нагласувајќи дека „ништо не е точно“.

Досега во обвинителството сведочеа актерките Милена Радуловиќ и Ива Илинчиќ, како и една анонимна жртва. Тие детално ги даваа своите изјави и беа испрашувани повеќе од пет часа. По сослушувањето, нивните адвокати за српските медиуми изјавија дека сведочењата се тешки и дека мораат да зборуваат за сите детали за време на чинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот