Судот му одреди притвор на Мирослав Мика Алексиќ

На професорот за глума Мирослав Мика Алексиќ му е одреден притвор до 30 дена, дознава Блиц.рс.

Вишиот суд во Белград донесе таква одлука за Алексиќ да не може да влијае на сведоци, но и заради вознемиреност во јавноста.

Познатата глумица Милена Радуловиќ претходно раскажа дека Алексиќ ја силувал додека таа била малолетна и дека тоа се случило повеќе пати.

Шокантно сведоштво на српската ѕвезда: Повеќепати ме силуваше познатиот сопственик на угледното училиште Мирослав Мика Алексиќ, има и други жртви

Милена Радуловиќ раскажа дека таа и неколку девојки од кои некои биле малолетни, пријавиja во полиција дека ги силувал или сексуално вознемирувал Мирослав Мика Алексиќ, сопственик на училиште за глума.

По овие пријави, Алексиќ бeше уапсен, а оваа приказна предизвика лавина реакции во Србија.

Весна Бејби со емотивна реакција за Милена Радуловиќ: Нема компромис за предатори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот