Необична кражба во Босна – почекале работниците да ги оберат насадите, па украле 150 килограми свежи малини
Еден или повеќе непознати сторители украле околу 150 килограми свежо набрани малини од два насади во Босна и Херцеговина, објави „Дневни абаз“.
Препорачано
Полицијата во Братунац вчера изјави дека истражува невообичаен случај на кражба на набрани малини. Според зборовите на мештаните, ваква појава досега не била забележана на подрачјето на оваа општина.
Како што е соопштено од Полициската управа Зворник, во Полициската станица Братунац биле пријавени два одвоени случаи на кражба на малини од малинарници. Непознат сторител или повеќе луѓе од два насади однеле околу 150 килограми свежо набрани малини.
Полицијата веднаш започнала истрага за да ги идентификува и да ги пронајде одговорните лица.
За случајот е известен дежурниот обвинител од Окружното јавно обвинителство во Бијељина, кој наредил да му биде доставен извештај за стореното кривично дело кражба.
Малинарите истакнуваат дека ваквите случаи дополнително ја отежнуваат и онака мачната сезона на берба, особено во период кога родот е највреден и кога секој килограм внимателно се собира за откуп.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
9мин
-
10мин
-
19мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


