Милена Радуловиќ: Ме контактираат неверојатен број на жени – жртви на насилство, дури од Русија

youtube
принтскрин

Актерката Милена Радуловиќ изјави дека, откако излезе во јавноста со признанието за сексуално злоставување и силување, што го доживеала од Мирослав Мика Алексиќ, почнале да ја контактираат колеги од Русија кои се охрабриле да покренат постапка против нивните насилници.

ВИДЕО | Актерката Милена Радуловиќ со потресно сведочење во судот: Мика ме силуваше додека другите деца беа покрај нас

„Ме контактираа неверојатен број жени. Дури и од Русија, кога моето интервју излезе таму. Во исто време е интересно затоа што таму не сум ни приближно толку популарна… Ме контактираа три жени од моето блиско опкружување со вакви приказни. Двете се пријателки, кои имаат ист злоставувач, а третата е сосема посебна приказна. Притоа не станува збор за млади луѓе. Разговаравме за тоа. Ме контактираа и ми ја раскажаа нивната приказна за да им кажам како да постапат. Тие се обиделе да го почнат процесот и биле вратени неколку пати од страна на нивните адвокати. Им реков дека прво мора да реагираат преку институциите и тие го направија тоа“, изјави Милена Радуловиќ за „К1“.

Кога поминував низ сето ова, мислев дека сум единствената личност на светот на која ѝ се случило вакво нешто. Затоа што во минатото никогаш немав слушнато нешто слично во кој било разговор. Кога се охрабрив да прозборам, тогаш сфатив дека не сум единствена“, додаде таа.

Instagram
Instagram

Одлучив дека сакам да се реши тоа. Сакав да застанам зад мојата изјава со моето име и презиме. Не сакав да бидам М.Р… Кога велам дека долго време се молчеше, мислам на тоа дека децата молчат затоа што мислат дека никој нема да им помогне“, објасни младата актерка.

Милена Радуловиќ смета дека нејзиното појавување во јавноста и нејзината приказна треба да ги освестат сите жртви на насилство…

Instagram
Instagram

Тоа што јас сум јавна личност служи само за да се слушне ова. Мојот живот се смени многу во последните два, три месеци. Но, она што е важно е луѓето да разберат, по сите овие кампањи и зборови, дека ваквите случувања мора да запрат… Кога овие жени ќе прозборат пред некој близок, нека оваа кампања „Не си сама“ им послужи за да се едуцираат и да разберат дека ќе бидат слушнати. Ако тоа не се случило, да ги подготвиме луѓето во истата секунда да разберат што ќе се случи, да реагираат и да избегаат од канџите на манипулацијата односно злоупотребата“, вели Радуловиќ.

Шокантно сведоштво на српската ѕвезда: Повеќепати ме силуваше познатиот сопственик на угледното училиште Мирослав Мика Алексиќ, има и други жртви

Ако жртвите не се подготвени за судење, ако се доверат на некого, тој некој треба да ги сослуша на вистински начин. Да ги прегрне и да им го каже она што е важно за секоја жртва на насилство. Да почнеме со реченицата „Но, не си виновна ти“…“, додаде Милена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот