Мицотакис: Кога ќе се намали притисокот врз здравствениот систем, тогаш ќе се вратиме во нормален ритам

Ќе можеме да му се вратиме на нормалниот ритам, само тогаш кога ќе бидеме апсолутно сигурни дека е значајно намален притисокот врз националниот здравствен систем, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од редовната месечна средбата со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, што овој пат, поради карантинот се одржа преку видеоконференција, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис ја информираше Сакеларопулу за ситуацијата со пандемијата во земјата, објаснувајќи дека во овој момент Владата има два приоритети: справување со здравствената криза и практична поддршка и солидарност на економијата, општеството, вработените и бизнисите.

-Следната седмица ќе ги разгледаме епидемиолошките податоци и ќе донесеме одлуки, секогаш врз основа на упатствата од експертите. Многу пати имам кажано дека за да славиме Божиќ со нашите најблиски, во рамки кои сигурно ќе бидат поразлични од она што сме научени, но нема да биде во рамките на целосна забрана, зависи пред сѐ од нас самите. Доколку се придржуваме и продолжиме да ги почитуваме основните превентивни мерки, тогаш апсолутно е сигурно дека ќе се намалат и новите случаи и притисокот врз националниот здравствен систем, рече Мицотакис.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу истакна дека „коронавирусот за жал покажа дека е многу опасен и не простува никаква опуштеност”.

-Ни претстојат тешки денови, се надевам нема да бидат премногу. Агонијата, заморот на нашите сограѓани, на сите нас, се големи уште од првиот период, а особено сега. Мерките се тешки за сите нас и го оптоваруваат населението, но мораме да издржиме, да бидеме што е можно повнимателни, да бидеме солидарни за да можеме повторно да се сретнеме во подобри услови, истакна Сакеларопулу на почетокот од средбата со Мицотакис.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот