Христијан Мицкоски Фото: Фејсбук

Мицкоски го покани Радев на средба: Додека котиња од СДСМ коленичат, не очекувам подобрување на односите меѓу двете земји

Премиерот Христијан Мицкоски денеска јавно упати покана до новоизбраниот бугарски премиер Румен Радев, да ја посети Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма – Спортските игри за млади“ на плоштадот„ Македонија“, дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјата на средба на премиерско ниво, премиерот беше дециден дека не гледа причина зошто не би го сторил тоа.

– Кога победи Радев, јас следниот ден утрото му се јавив, му честитав и му посакав успешни добрососедски односи. Се надевам дека со оваа влада ќе може да разговараме за темите за кои треба. Не гледам причина зошто да не го поканам на средба. Ако ова е поканата вака, еве го поканувам – изјави Мицкоски.

Сиљановска-Давкова со Радев ќе бара „ново решение“ за спорот со Бугарија

 

Тој додаде дека не очекува брзо подобрување на односите меѓу двете земји, а како виновник за тоа го посочи опозицискиот СДСМ кој, како што рече, ги распродава националните интереси.

– Сè додека има котиња од СДСМ, кои коленичат и кои ги распродаваат македонските национални интереси, не очекувам подобрување. Наместо да застанат со нас и да се борат за македонските национални интереси, овие котиња одлучија за жолтици да коленичат таму. Инаку, што се однесува до господинот Радев, кога победи, јас тоа утро му честитав, му се јавив да имаме успешни добрососедски односи и се надевам дека со оваа влада ќе можеме да ги подобриме меѓусоседските односи, ќе може да разговараме за темите за кои треба да разговараме – истакна Мицкоски.

Претседателката на Бугарија Илијана Јотова вчера му го довери мандатот за состав на влада на Радев, како претставник на најголемата пратеничка група во 52. Народно собрание, по што тој веднаш го врати мандатот со предлогот за нов владин состав.

Предложената владина структура предвидува четворица вицепремиери и 18 министерства. Во рамки на реформите, планирано е преструктурирање на ресорите за економија, иновации и електронско управување во две нови министерства.

Бугарскиот парламент гласа за новата влада – Радев вели дека се избрани професионалци за министри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот