Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук / скриншот

Мицкоски го нарече циркузант новинарот што ја праша министерката Јаневска дали има преведувач

Премиерот Христијан Мицкоски го нарече циркузант новинарот кој вчера во Тетово ја праша министерката Весна Јаневска дали има преведувач со неа и дека минатиот пат ѝ било укажано, кога ќе доаѓа во Тетово да има преведувач. Прашан за коментар, Мицкоски рече дека некои луѓе не заслужуваат коментар.

„Понекогаш тоа што нема коментар не значи дека некој нешто заборавил да коментира, туку едноставно некои луѓе и не заслужуваат да бидат коментирани. Ако некој одлучил да прави естрада и циркузант од себе, дозволете му, сите можат да го видат и да го слушнат. Подобро да премолчите отколку да влезете во таа естрада – изјави Мицкоски.

ВИДЕО | Министерката Јаневска во Тетово пак беше прашана дали носи преведувач – Слободен печат

За време на вчерашната посета на Тетово, министерката за образование Весна Јаневска беше прашана од новинар дали со неа донела преведувач, посочувајќи ѝ дека последниот пат кога била во Тетово ѝ укажале дека кога пак ќе доаѓа да си носи преведувач со неа. Јаневска одговори дека не носи преведувач и дека не ѝ треба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот