Фото: ТВ 21 / принтскрин

ВИДЕО | Министерката Јаневска во Тетово пак беше прашана дали носи преведувач

Министерката за образование Весна Јаневска денеска за време на посетата на Тетово беше прашана од новинар дали со неа донела преведувач, на што таа одговори: „Не“.

„Не ми треба. Не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, одговори Јаневска.

Министерката заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово.

Ова е втор пат истиот новинар да ѝ сугерира на Јаневска да носи преведувач со себе кога е во Тетово. Минатиот пат, таа рече дека во Македонија има еден службен јазик и не треба да има преведувач.

Вреди: Министерката Јаневска е фрустрирана, не знае ни збор албански, а реагира дека не го разбира Касами

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот